Акутен бронхитис- воспаление на големите дишни патишта
Бронхитот претставува воспаление на големите дишни патишта кои се разгрануваат од трахеата (бронхиите), и обично е предизвикан од инфекција, но понекогаш и од иритација на инхалирачки гасови, чад, честички од прашина, и некои типови на загадувачи.
- Акутниот бронхитис обично е предизвикан од вирусна инфекција
- Симптомите на обичната настинка кои се проследени со кашлица обично укажуваат на акутен бронхитис
- Дијагнозата се поставува врз основа на примарните симптоми
- Антибиотска терапија скоро и да не е потребна.
Симптомите кои траат до 90 дена обично се класифицираат како акутен бронхитис; симптомите кои траат подолго, понекогаш со месеци или години обично се класифицираат како хроничен бронхитис. Кога хроничниот бронхитис се презентира со намален експираторен проток (издишен проток), со дефинирани карактеристики, се смета за хронична обструктивна белодробна болест (ХОББ).
Во ова поглавје ќе дискутираме само за акутниот бронхитис.
|
Повеќе...
|
|
Што е астма?
Астма е хроничо опструктивно воспаление на дишните патишта кое предизвикува проблеми при дишењето. Се карактеризира со непримерно силен имунолоши одговор и хронично воспаление на трахеобронхиалното стебло. Болеста се јавува во епизоди, т.е. акутните влошувања на болеста се менуваат со периоди во кои нема симптоми на астма. До астматични напади доаѓа и при влошување на воспалението, вообичаено поради тоа што во непосредната околина е присутен некаков иритирачки или провокативен фактор.
Причинители Астмата може да биде предизвикана од еколошки и наследни фактори. Наследните фактори можат да играат важна улога во настанување на астмата, меѓутоа ова не значи дека детето кое потекнува од семејство со историја на астма, дефинитивно ќе развие симптоми на астма.
Се наследува склоноста кон болеста а не и самата болест.
|
Повеќе...
|
|
|
|
|