Вторник 17 Сеп 2019
  • Increase font size
  • Default font size
  • Decrease font size
Се наоѓате во: Дома Мелеми Старопланински мелеми Kуриево око и брадавици
Старопланински мелем за куриево око и брадавици PDF Печати Е-пошта

Старопланински мелем за куриево око и брадавици

Старопланински мелем е природен лосион за лечење и третман на вирусни кератози предизвикани од Humanog papilloma вирус (HPV):

  • Куриево око (Callus, Hyperkeratosis)
  • брадавици (Verrucae Vulgaris) bradavica
  • кондилома (Condyloma Acuminata)
  • жуљеви на табани

За изработка на мелемот користиме одбрани сорти на старопланински билки- бршлен, (Hedera Helix), пазикуќа (Sempervivum Tektorum) и диво нане (Menta Piperita)), берени на преку 1500 метри надморска висина.

Носител на мелемот е природна целулоза која е растворена во органски растворач и го фиксира лековитото дејство на оболеноото место. Јакото кератоличко дејство на препаратот го подобрува и салицилната киселина.

Упатство за употрева:

  • Измијте го оболеното место со млака вода и неутрален сапун.
  • Мелемот нанесете го во тенок слој со стапче за уво на оболеното место и на 0.5 до 1 см околу оболеното место. (слој преку слој во временски период од 12 часа, најдобро пред спиење и наутро).
  • Во зависност од видот на заболување и времето кое го имате заболувањето зависи и бројот на терапија. Доколку болеста ја имате долги години, тогаш треба да премачкате повеќе пати (не повеќе од 8), а доколку проблемот го имате кратко време тогаш нанесете не помалку од 4 слоја.
  • Оболеното место треба да го држите во хоризонтална положба 7 до 8 минути. Потоа можете да продолжите со активности.
  • Откако ќе завршите со терапијата оставате мелемот да делува во нарендите 7 дена. За тоа време местото можете да го миете со вода но без да го триете со сунѓер, четка или слично. За време на терапијата може да се појави реакција како чешање, пецкање или слично.
  • Осмиот ден од премакувањето на последниот слој, оболеното место да го држите во потопла вода 15-20 минути, и потоа со нокти полека да го поткопате и откорнете полека оболеното ткиво. Доколку не можете или осетите болка не применувајте сила. Премачкајте го оболеното место уште еден слој и оставете да делува 4-5 дена. Потоа повторете ја постапката со топлата вода.
  • Не употребувајте жилет како помошно средство за отстранување на формираните задебелувања да не ја оштетите новата кожа, или доколку ви сметаат задебелувањата внимателно одстранете со жилет без притисок да не оштетите некој капилар. Најдобро е третманот со топла вода и отстранување да го препуштите на педикир доколку сте во можност.
  • Доколку по отстранувањето на болното ткиво остане бела точка со пречник 3 до 5 мм, направете пауза од 1 ден и повторете ја постапката уште 4 дена. Петтиот, шестиот и седмиот ден мелемот нанесувајте го по еднаш во денот и оставете да делува 10 дена. Потоа коренот лесно ке излезе на површина и можете да го извадите со прсти. Тоа е бидејќи процесот траел подолго и корените се предлабоки да можат да се излечат само со еден третман.

 

 

Популарни

Посетители

Има 24 гости присутни

Анкета

Ви се допаѓаат производите на ПРИМЕД?
 

Логирај се