Петок 04 Дек 2020
  • Increase font size
  • Default font size
  • Decrease font size
Се наоѓате во: Дома Болести Дишни органи Астма
Астма PDF Печати Е-пошта

 

Што е астма?

Астма е хроничо опструктивно воспаление на дишните патишта кое предизвикува проблеми при дишењето. Се карактеризира со непримерно силен имунолоши одговор и хронично воспаление на трахеобронхиалното стебло. Болеста се јавува во епизоди, т.е. акутните влошувања на болеста се менуваат со периоди во кои нема симптоми на астма. До астматични напади доаѓа и при влошување на воспалението, вообичаено поради тоа што во непосредната околина е присутен некаков иритирачки или провокативен фактор.

Причинители

Астмата може да биде предизвикана од еколошки и наследни фактори. Наследните фактори можат да играат важна улога во настанување на астмата, меѓутоа ова не значи дека детето кое потекнува од семејство со историја на астма, дефинитивно ќе развие симптоми на астма.

Се наследува склоноста кон болеста а не и самата болест.

 

Астмата најчесто прв пат се јавува во детството и е поприсутна кај машките деца отколку кај девојчињата. Атопија (генетска склоност на имунолошкиот систем да продуцира антитела на вообичаени алергени, што доведува до симптоми на алергии) и/или алергии во семејството се најголеми ризични фактори за развој на болеста кај децата. Атописки дерматитис (екцем) и алергиски ринитис (пелудна треска) можат да послужат како клучни ризик показатели за развој на астма кај доенчиња и мали деца.

Сите видови на астма не се алергиски ниту пак сите алергии доведуваат до појава на астма. Астмата може да се појави на различни начини. Меѓутоа, основниот механизам кој доведува до симптоми на астма е сложената имунолошка реакција на нашиот респираторен систем на разновидни алергени од непосредната околина, при што се развива воспалителна реакција и се ослободуваат хемиски посредници на воспалението.

Видови на астма

Алергиска астма - алергени и провокативни фактори - Dermatophagoides pteronyssinus (главен алерген во домашниот прав и постелнина)

  • влакна, пердуви и епителни отпадоци од животни
  • полен од дрвја, треви и коров
  • мувла

Неалергиска астма - алергени и провокативни фактори:

  • чад од цигари
  • средства за чистење во домаќинството
  • парфеми и мириси
  • внатрешни и надворешни загадувачи на воздухот

Професионална астма - алергени и провокативни фактори - Фактори кои го забрзуваат развојот на астмата. Тука спаѓаат изложеност на пареи, хемикалии, смоли, прав, инсектициди, чад и останати супстанци на работното место.

Астма предизвикана од телесна активност - алергени и провокативни фактори - Вежби кои вклучуваат вдишување на ладен и сув воздух (трчање во зима) можат да доведат до астма предизвикана од телесна активност.

Астма предизвикана од аспирин (или додатоци во исхраната) - алергени и провокативни фактори - Значителен број на луѓе е чувствителен на нестероидни противвоспалителни лекови, конзерванси (сулфити, тартазин) и останати додатоци во исхраната.

Симптоми

По изложеноста на алергени или на ризик факторите на астма, најчесто симптомите се појавуваат нагло или во ретки случаеви се развиваат во тек на неколку часови или денови. Класични симптоми на напад на астма се: кашлање, отежнато дишење, свирење во бронхиите и белите дробови со нагласено продолжено издишување. Пред почеток на нападот на астма, може да дојде до иритација на носот и грлото. Нападите обично започнуваат со тешко и забрзано дишење. Како што истото се влошува, мускулите вклучени во дишењето стануваат се поактивни. Мускулите на вратот се стегаат, и говорот станува се поотежнат и оневозможен. Крајот на нападот често е обележен со кашлање и искашлување на густа слуз. Астмата обично се влошува ноќе, а нападите се јавуваат помеѓу 2 и 4 часот наутро

 

 

Популарни

Посетители

Има 5 гости присутни

Анкета

Ви се допаѓаат производите на ПРИМЕД?