Добредојдовте на ПРИМЕД- 100% природни производи |
![]() |
![]() |
![]() |
МЕДОТ КАКО ЛЕК Како еден од најпознатите и најдобрите природни производи, медот има хранлива вредност, содржи витамин Б6, калциум, бакар, железо, манган, магнезиум, фосфор, калиум, натриум, цинк. Се поврзува со антиоксидансите и му помага на телото да ги апсорбира и да ги задржи калциум и магнезиум, кои го зајакнуваат имунолошкиот систем. Многу култури го користат медот за медицински цели, а има докази дека медот го одржува здравјето на човечкото тело и го чува во добра состојба во текот на целата година, велат научниците од Универзитетот во Орегон. Во некои ориентални култури медот се става во чај за намалување на лошиот холестерол. Ја олеснува болката во грлото, го поттикнува полесно варењето на храната и многу го користат за лекување на настинка, дијареа и гастритис. Косата Во древните култури било вообичаено да се користи медот за капење. Клеопатра мешала мед и млеко и се капеле во него за нејзината кожа да биде мека и кадифена а го користела и за лицетозатоа што природно ја хидрира кожата. Го мешала со ореви, со цел да направи пилинг, за да ги отстрани мртвите клетки од кожата. Кога медот се меша со сок од свежи кајсии се добива одличен лосион кој на кожата и го враќа сјајот. Помешан со пченкарен скроб се користи за отстранување на бубулици и мали инфекции на кожата. Антибактериско дејство Медот природно ја намалува киселинтаа и ги убива бактериите кои можат да се населат во устата. Кога се меша со цимет, го елиминира лошиот здив, и се користи за лекување на благи болки во забот. Поради своите антибактериски ефекти, може да се користи за лекување на изгореници предизвикани од сонце, осип и други помали иритации на кожата. Исто така ја смирува кожата и е добар сојузник во борбата против стареењето. Добар е за лекување на рани, посекотини, помага при регенерирање на ткивото и ги намалува лузните.
|